Во етно-селото Монтенегро-Брезна, меѓу Никшиќ и Плужине, започна традиционалниот натпревар во излежување. Организаторот на натпреварот и сопственик на етно-селото, Миќо Благојевиќ изјави дека годинава се пријавиле 21 кандидат. Учесниците се борат за награда од 1.000 евра.
– Тројца се откажаа на првиот ден, еден вчера. Има луѓе од регионот, од Хрватска, Босна и Херцеговина, како и Руси и Украинци – вели Благојевиќ, пренесуваат црногорски медиуми.
Тој верува дека годинава ќе биде соборен рекордот од 117 часа излежување што беше поставен преминатата година.
– Гледам дека се упорни. Не бараат ништо, имаат оброци, им носиме да пијат и да јадат, издржаа четири-пет часа вчера на дождот. До четврток е најавено добро време, па мислам дека можат уште долго да лежат мирни – изјави Благојевиќ.