ЛЕВИЦА ОРГАНИЗИРА МОБИЛИЗАЦИЈА ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Крмов во Кочани најави казна „за сите предавнички дејствија“

1,245

Згрозени од великобугарските апетити за разнебитување на државата и сплотувањето на широката коалиција за уставните измени, Левица излегува на терен помеѓу своето членство и македонскиот народ, за артикулација и подготовка за одговор на оваа опасна насока во која се движиме, соопшти партијата.

Пратеникот на Левица Борислав Крмов продолжува со теренските посети на локалните ограноци. Овој пат беше во Кочани.






Во соопштението на Левица се вели дека заедно со народот „одлучно и молскавично ќе ги казни сите предавнички дејствија на партиите кои одработуваат против Македонија и ќе го врати достоинство на обичниот човек“.

Поврзани содржини