„ЛЕВ ТАХОР“ СЕ ПРЕСЕЛИ ОД КУМАНОВО ВО СКОПЈЕ Полицијата апелира на толеранција и солидарност

Групата не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон нејзините членови - велат од МВР.

1,167

Групата еврејски верници за кои се претпоставува дека се членови на еврејскиот култ „Лев Тахор“ го напушти Куманово и во моментот престојува во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

– Лицата го напуштија градот Куманово и во моментов престојуваат во Скопје. Овие лица ги почитуваат законите, имаат целосно легален престој и привремено престојуваат во нашата држава. Групата не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон нејзините членови – велат од МВР.






Овие луѓе од 5 февруари престојуваат во градот Куманово. Според Министерството за внатрешни работи, станува збор за 30 лица кои преку скопскиот аеродром влегле во земјава.

Поврзани содржини