📸 ЛЕТНАТИ КРОВОВИ, ПОПЛАВЕНИ КУЌИ, ЛУЃЕТО САМИ ЦРПАТ ВОДА Невремето направи огромни штети во Волково и во населба Даме Груев

Поплавени се куќи, а луѓето сами се ангажираат и црпат вода од куќа во куќа. Водата од улиците влегуваше во дворовите.

4,039

Невремето во Скопје направи огромни штети. Граѓаните на социјалните мрежи објавија за штетите, поплавените подруми и летнати делови од кровови.

„Волково има огромни штети од невремето кое штотуку заврши. Ветрот налета сигурно со над 100 км на час. Од град се обели се’. Кај нас се искрши дрво, ми летна сето прекрасно тропско цвеќе, прокиснаа таваните во три соби. Кај комшиите се летнати покриви, оцаци, поплавени подруми, искршени фотоволтаици, на улиците течат реки. Вакво нешто во животот не сум видела. Една минута пресилен ветер го однесе селото“, напиша на Фејсбук Соња Христовска Угриновска, жителка на оваа скопска населба.






Поплавени се куќи, а луѓето сами се ангажираат и црпат вода од куќа во куќа. Водата од улиците влегуваше во дворовите.

Истовремено, граѓани известуваат дека се случил потоп во населбата Даме Груев. Тие испратија и слики:

Од УХМР известуваат дека силното невреме кое попладнево го зафати северниот дел на Скопската котлина се движи кон Куманово.

На бројот 112 во Скопје биле пријавени  паднати и навалени дрва, како и скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето.

 

Поврзани содржини