ЛЕТ ОД ХОРОР ФИЛМ Патник заразен со корона починал во авион, никој не забележал

Според медиумите, станува збор за 51-годишен патник, кој сам се качил во авионот во Истанбул, и го зазел неговото место во авионот. Според неофицијални информации тој боледувал од повеќе различни болести.

726

Во авионот кој летал од Истанбул за Хамбург на 25 октомври, починал еден патник. Тој бил забележан дури кога авионот слетал во Хамбург, а подоцна било потврдено дека има ковид-19.

Екипажот на патничкиот авион при слетувањето забележал дека еден од патниците не се движи, при што утврдиле дека тој починал.






Според медиумите, станува збор за 51-годишен патник, кој сам се качил во авионот во Истанбул, и го зазел неговото место во авионот. Според неофицијални информации тој боледувал од повеќе различни болести.

– Патуваше сам, а седна покрај прозорецот. Веројатно ја потпрел главата на прозорецот и ги затворил очите, поради што сите мислеле дека спие – изјавила полицијата за локалните медиуми.

Како што се наведува, патникот кој починал имал акутна инфекција со коронавирус, а властите во Германија почнале да трагаат по контактите на пациентот. Едно од прашањата е како патникот заразен со корона може да се качи во авионот.

Имено, во моментов, за патување од ризични земји, вклучително и Турција, за влез во Германија, лицето мора да има потврда за вакцинација, потврда прележан ковид-19 или негативен тест. Тој може да бил заразен и да се качи во авионот со потврда за вакцинација, бидејќи на повеќето аеродроми не е планирано мерење на температурата, што може да ја открие неговата инфекција.

Поврзани содржини