Лепа Брена со трогателна порака се прости од Милан Бандиќ: „Поминаа само неколку часа од нашето последно дружење“ (ФОТО)
Пејачката Лепа Брена се прости од градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, кој утрово почина од срцев удар.
Таа на социјалната мрежа Инстаграм објави заедничка фотографија од нив двајца, а под неа напиша и трогателна порака.
„Драг наш Милан, ни беше огромна чест и задоволство да ве познаваме и да се дружиме со вас. Вие бевте единствени и ја поседувавте таа величина, секогаш учевме многу од вас. За жал, поминаа само неколку часа од нашето последно дружење и од твојот говор што засекогаш ќе го паметиме за пријателството, љубовта, почитта и семејството. Почивај во мир, нека ти е вечна слава. Брена и Боб“, напишала пејачката.
Погребот на Бандиќ ќе се одржи во среда.