ЛЕ ПЕН ГЛЕДА НАДЕЖ Кандидатите што отпаднаа ги делат гласовите меѓу неа и Макрон

Според првичните излезни анкети од денешното гласање, Макрон освоил 28,1 отсто од гласовите, додека за Ле Пен се определиле 23,3 отсто од гласачите.

1,466

Кандидатката за претседател Марин Ле Pен ги повика сите кои не гласале за актуелниот француски претседател Емануел Макрон да гласаат за неа во вториот круг на претседателските избори кои ќе се одржат на 25 април во Франција.

Според првичните излезни анкети од денешното гласање, Макрон освоил 28,1 отсто од гласовите, додека за Ле Пен се определиле 23,3 отсто од гласачите.






Во своето прво обраќање по објавувањето на резултатите од првиот изборен круг, кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен рече дека со голема чест ќе застане против нејзиниот противкандидат Макрон во вториот круг од изборите.

– Народот на Франција избра и ми ја даде честа да се квалификувам во вториот круг. Гледам надеж во ова гласање, надеж, надеж дека оваа наша оживеана сила ќе се разбуди – изјави Ле Пен.

Таа рече дека ќе биде претседателка на сите Французи доколку биде избрана во вториот круг и дека ќе врши контрола на имиграцијата и ќе се грижи за безбедноста на сите граѓани.

Со извиците на нејзините поддржувачи кои извикуваа „ние ќе победиме“, таа вети дека ќе воведе ред во Франција во рок од пет години.

Жан-Лук Меланшон од редовите на Бунтовна Франција (ЛФИ), кој успеа да добие 20,1 отсто од гласовите и се најде на третото место испрати порака до гласачите за вториот круг.

– Не смеете да ѝ дадете ниту еден глас на Марин Ле Пен – рече Меланшон.

Полемичарот од крајната десница Ерик Земур, кој успеа да добие 7 отсто од гласовите, повика да се гласа за Марин Ле Пен во вториот круг на претседсателските избори во Франција.

– Вие сте повеќе од 2 милиони што ми ги дадовте вашите гласови денес. Ви благодарам многу за довербата, за надежта и за силата што ми ја давате вечерва – изјави Земур.

Поврзани содржини