ЛАЖЕН ЛЕКАР ИЗМАМИЛ ЧОВЕК ОД ВИНИЦА ЗА 430.000 ДЕНАРИ Му кажал дека ќерка му скршила нога

738

Лажен лекар измамил 77-годишен виничанец за сума од над 430.000 денари, соопшти полицијата.

Тој го пријавил настанот во полиција вчера попладне. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување шипки.






Откако се договориле, виничанецот во неколку наврати ги однел на договореното место. Кога се вратил дома му се јавила неговата ќерка по што сфатил дека е измамен.

Поврзани содржини