„КУРТИ СЕКОГАШ Е СО НАПОЛНЕТА ПУШКА И САКА ДА ПУКА ВО СРБИТЕ“ Вучиќ смета дека Косово ќе си направи проблеми со САД

Проблемот е што добар дел од западниот свет му гледа низ прсти, тој е нивно дете (премиерот на Косово, Албин Курти). Што и да направи, ќе го лулаат, објасни претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

505

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука во Србите и дека светот сега сѐ повеќе го разбира тоа, објави српскиот портал Политика.

– Курти цело време има наполнета пушка и сака да пука во Србите, што и го направи. И сега поголемиот дел од светот го разбира тоа. Проблемот е што добар дел од западниот свет му гледа низ прсти, тој е нивно дете. Што и да направи, ќе го лулаат – одговори Вучиќ на ТВ интервју на РТС на прашањето како ја гледа пораката на Курти дека „ако имаш лош сосед, (мислејќи на Србија), мора да имаш висок морал и наполнета пушка“.






Тој оцени дека поради ова Курти може да има само сериозни проблеми со новата американска администрација која може да биде надеж за Србија и за прашањето за Косово, но и за прашањето за Република Српска.

– Зошто? Зашто таа нова американска администрација не му припаѓаше ниту на Бил Клинтон ниту на Џорџ Буш. Без разлика што некои се демократи, а други републиканци, тие не го живеат животот од 1990-те. И тоа може да биде нашата надеж и за зачувување на Република Српска – рече Вучиќ.

Тој изјави и дека е многу загрижен за постапката против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

– Ако мислат дека треба да донесат пресуда до крајот на февруари, можете да замислите што нѐ чека во март потоа – рече Вучиќ.

Тој изрази надеж дека сите ќе можат добро да размислат, да се зачуваат мирот и стабилноста, особено внатрешната стабилност на земјата.

КОГА ИМАТЕ ЛОШИ СОСЕДИ МОРА ДА ЈА НАПОЛНИТЕ ПУШКАТА Курти вели дека го штити Косово „од општина до општина“

Поврзани содржини