КУРТИ САКА ДА СЕ МЕША ВО МАКЕДОНИЈА, А СЕ ЖАЛИ КОГА ВУЧИЌ СЕ МЕША ВО КОСОВО На Ахмети му пречи делувањето на Самоопределување во Македонија
Курти се меша во политичката сцена на Албанците, Еди Рама не се меша во внатрешните работи на политичкото тело во Северна Македонија, направи напори да ги приближи партиите во Северна Македонија, благодарен сум, благодарен за ваквиот пристап, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Косовскиот премиер Албин Курти се меша во политичката сцена на Албанците во Македонија, обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во вечерашното гостување во емисијата „Топ стори“ на ТВ Топ Чанел – Албанија.
– Курти се меша во политичката сцена на Албанците, Еди Рама не се меша во внатрешните работи на политичкото тело во Северна Македонија, направи напори да ги приближи партиите во Северна Македонија, благодарен сум, благодарен за ваквиот пристап – истакна Ахмети.
Лидерот на ДУИ исто така смета дека јавната поддршка на Албин Курти за претседателскиот кандидат на албанската опозиција во 2019 година била мешење во политичката сцена во Северна Македонија.
– Не сме изразиле патриотизам, ниту емотивен, ниту патриотски, се договоривме со Стево Пендаровски, со Социјалдемократсиот сојуз, му дадовме поддршка, во театар може да прави претстава, но знаеме дека на крајот нема победник – рече Ахмети.
Ахмети изјави дека по најавите за делување на „Самоопределување“ во Северна Македонија – интерес пројави и меѓународната заедница.
– Ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога Вучиќ има политичка активност во Косово, како објаснувате? Ме оставија без зборови – нагласи Ахмети.
Во однос на европската интеграција тој оценува дека ако се изгласат уставните измени, Северна Македонија во рок од четири години ќе стане членка на Европската унија.
– Со одржувањето на првите меѓувладини конференции на Албанија и Северна Македонија со Брисел, почнуваат промените внатре во овие земји во однос на инфраструктурата, животната средина, владеењето на правото и слично – оценува лидерот на ДУИ.
Ахмети изјави дека без разлика што со години е на чело на ДУИ и ја води политичката сила што ја претставува до политички победи, „неговата фигура не е зацементирана на чело на оваа политичка партија“.
– Не сум доживотно на чело на ДУИ. Но, јас не дојдов со сила во ДУИ, дојдов со даден слободен глас и со директен глас на граѓаните го добив и пратеничкиот мандат. Тука нема сомнеж дека ја почитував волјата на граѓаните – вели Ахмети.
Тој додава дека со сила не останува на чело на ДУИ, дека статутот на партијата го смениле на последниот конгрес и оти на изборите што одржани пред една година, се гласало под мотото „еден член еден глас“ со тајно гласање.