КУРТИ КАЖА „ДА“ Косовскиот премиер го прифаќа предлогот за договор помеѓу Белград и Приштина

За нормални, европски и добрососедски односи, премиерот Курти истакна дека покрај заемното признавање во основа на договорот мора да се земат предвид и правата на националните малцинства, соопшти косовската Влада. 

704

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа во телефонски разговор со високиот советник на Стејт департментот Дерек Шоле потврдил дека Приштина го прифаќа европскиот предлог за договор меѓу Косово и Србија.

„Премиерот во тој разговор го потврди својот став за европскиот предлог како добра основа за понатамошни разговори во насока на нормализација на односите. За нормални, европски и добрососедски односи, премиерот Курти истакна дека покрај заемното признавање во основа на договорот мора да се земат предвид и правата на националните малцинства“, соопшти косовската Влада.

Поврзани содржини