КУНГ-ФУ ПРЕСМЕТКА НА СЕМАФОРИ ВО КИСЕЛА ВОДА Двајца возачи со тупаници ја делеа правдата, настрада и една жена (ВИДЕО)
Во целата ситуација постара госпоѓа се обидува да ги paздели по што губи рамнотежа и паѓа, а напаѓачот продолжува да се пресметува со нејзиниот сопруг.
Попладневно на семафорите кај Општина Кисела Вода очевидци до редакцијата на Инфомакс испратиле скандалозно видео во кое се гледа физичка пресметка меѓу двајца мажи и една постара госпоѓа.
Како што објавува порталот, пресметката започнала откако едниот возач му префрлил на другиот за престројување по што другиот излегол од кола започнал да удира по прозорецот, а потоа и физички го нападнал брачниот пар.
Во целата ситуација постара госпоѓа се обидува да ги paздели по што губи рамнотежа и паѓа, а напаѓачот продолжува да се пресметува со нејзиниот сопруг.