КУМАНОВЦИ ЧЕКААТ РЕД ДА СЕ ПОТПИШАТ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ Неговата партија се колеба да му даде поддршка

Актуелниот градоначалник на Куманово не ја дочека одлуката на СДСМ за кандидат за Куманово и одлучи да се кандидира како независен со независна советничка листа.

5,032

Голем број кумановци од утрото се потпишуваат за независната кандидатура на актуелниот градоначаланик на Куманово Максим Димитриевски.

Тој денеска ја достави својата кандидатура до ДИК и најави прес-конференција на која ќе информира за начинот на собирање потписи.

Димитриевски одлучи да се кандидира за независен кандидат, откако СДСМ ја остави кандидатурата за градоначалник на Куманово за последен моемнт, бидејќи, како што тврдат извори од партијата, министерот за внатрешни работи не се согласува Димитриевски повторно да се кандидира за Куманово.

На претстојните локални избори Димитриевски ќе настапи и со независна листа на советници, а носителка ќе биде жена.

 

Поврзани содржини