Прекрасниот бел паун со име Белан викендов бил растргнат од глутница кучиња-скитници кои се собираат во скопската населба Автокоманда во близина на црквата Свети Архангел Михаил.
„Толку било убавецу наш. Белиот паун кој го красеше дворот на нашиот Храм беше нападнат од улични кучиња и буквално растргнат на парчиња. Нападот најпрвин се случил во дворот на Храмот. Белан бегајќи прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња. Нашиот домаќин веднаш реагирал, но за жал било доцна. Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов, пишуваат на Фејсбук од црквата Св. Архангел Михаил.
Во продолжение прочитајте ја целата објава: