КУЌАТА НА „ИВАН МИХАЈЛОВ“ БИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА СЕМЕЈСТВОТО ПАПАКОЧ? Битолски портал нуди нова верзија за мистериозниот објект

Според тоа што може да се прочита во објавата на битолскиот портал, посочената куќа била во сопственост на семејството Папакоч, кое било познато по фотографското ателје отворено во приземјето.

1,731

Битолскиот портал Бабамбитола, објави сторија за куќата во која денеска се наоѓа културниот клуб на Бугарите во Македонија, „Иван Михајлов“.

Според тоа што може да се прочита во нивната објава, посочената куќа била во сопственост на семејството Папакоч, кое било познато по фотографското ателје отворено во приземјето.






Претходно ја објавивме сторијата на германската телевизија ЗДФ, во која се тврдеше дека куќата во која е отворен клубот именуван по докажаниот соработник на нацистите, пред војната била во сопственост на еврејско семејство.

Побаравме и мислење од Еврејската зедница во Македонија, од каде ни соопштија дека ја започнале иницијативата за проверка за историјата на имотот.

Поврзани содржини