КРУША ПРОТИВ ХОЛЕСТЕРОЛ, ВИСОК ПРИТИСОК И ТЕМПЕРАТУРА Наместо едно јаболко на ден, може и круша

Секојдневното консумирање на круши помага во постигнување и одржување на здрава телесна тежина, но крушите се препорачуваат и ако имате проблеми со холестерол и висок притисок, запек, за подобaр имунитет. Свежо исцедениот сок од круша пак, се препорачува како најдобар начин за намалување на температурата

1,451

Крушата е овошје слично по големина на јаболката. За разлика од нив, крушите имаат кора која потешко се чисти. Најпозната е кинеската круша, која има и најдобри лековити својства.

Присутни се во текот на целата година, а најдобри се оние кои созреваат од крајот на јули до почетокот на февруари, во есенско-зимскиот период.
Луѓето кои јадат по една круша на ден имаат понизок индекс на телесна маса и генерално поздрави навики во исхраната. Исто така, секојдневното консумирање на круши помага во постигнување и одржување на здрава телесна тежина.






Една студија на американските научници, чии резултати се објавени во списанието Nutrition and Food Science, открива дека е потребна само една круша дневно за да се намали ризикот од дебелина за дури 35%.

Во истражувањето учествувале 24.808 луѓе на возраст над 19 години. Научниците ги проучувале нивните животни навики, вклучувајќи ги навиките за вежбање и навиките за исхрана, во период од 9 години.

Резултатите од студијата покажале дека учесниците кои секојдневно јаделе круши имале помал ризик од развој на дебелина и генерално подобри животни навики. Не пушеле, поретко консумирале алкохол и исхраната им била поздрава.

Повеќе за здравствените придобивки од крушите прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини