КРИВИЧНИ ОД КАНАЛ 5 ЗА САШЕ ПОЛИТИКО И ЗА РУБИН ОД „НАРОДЕН ГЛАС“ Телевизијата тврди дека е изложена на говор на омраза

„Денеска поднесовме пријава до МВР, а од таму ни одговорија дека работат на расчистување на случајот со две лица со иницијали С.И. од Скопје и Р.И. од Прилеп кои повеќе од 5 години користат говор на омраза кон вработени во нашата компанија!“ - велат од Канал 5.

3,350

Телевизија Канал 5 поднесе пријава против две лица за говор на омраза за сопствениците на порталите Мактел и Народен глас, Саше Ивановски-Политико и Рубин Иваноски.

„Денеска поднесовме пријава до МВР, а од таму ни одговорија дека работат на расчистување на случајот со две лица со иницијали С.И. од Скопје и Р.И. од Прилеп кои повеќе од 5 години користат говор на омраза кон вработени во нашата компанија!“ велат од Канал 5.






Од телевизијата велат дека двете лица се координирани во пишувањето текстови против Канал 5.

„Имено, двете лица се координирани во последно време, „сопственици“ на два портали: Мактел и Народен Глас и во континуитет пишуваат текстови полни со говор на омраза со што предизвикуваат кај своите читатели дополнителни нагони на омраза, што е видливо и во нивните коментари. Со тоа на директен и индиректен начин се закануваат на наши вработени, но и останати колеги и цивилни граѓани на Македонија, при што сметаме, гледајќи го бројот на т.н. банери на особено еден од порталите, се сомневаме дека особено првото лице врши обид за изнуда од нашите вработени, но и нашето правно лице“ – велат од менаџмент на Канал 5 ТВ.

Тие ги повикаа и јавно ЗНМ и другите новинарски здруженија да поднесат соодветни поднесоци до МВР, но и другите физички и правни лица да пријават и да им се обратат со своите „искуства“ со овие две лица од горепосочените портали.

Македонската асоцијација на новинари МАН ги повика надлежните од МВР, но и обвинителството, во најкус можен рок да постапат по пријавата на Канал 5.

„МАН ги повикува сите засегнати лица, медиуми и новинари кои прочитале дека се предмет на ксенофобични написи, написи кои навредуваат, шират говор на омраза и/или поттикнуваат насилство, сексизам, мизогинија, закани, да се придружат на пријавата на Канал 5 и доказите да ги достават до надлежните институции.

Истовремено, ги повикуваме сите компании и физички лица кои биле предмет на изнуда од наведените сопственици на порталите Мактел и Народен глас да ги пријават случаите, а надлежните да постапат по допрен глас и да ги испитаат истите наводи“, соопштуваат од МАН.

Со своја реакција се јави порталот „Народен Глас“, кој најави дека Канал 5 телевизија ќе добие тужба од ,,Народен Глас” и од уредникот Рубин Иваноски.

„Канал 5 телевизија поднела кривична пријава до МВР во која го обвинуваат уредникот на уна ,,Народен Глас”, Рубин Иваноски, т.е. мене за ширење говор на омраза, сексизам, мизогинија, закани?! За ова телевизијата и уредникот Мирчевски ќе добијат тужба за клевета и ќе бидат пријавени во ЗНМ. Во исто време бараме телевизијата веднаш да се извини и да го повлече написот во кој неосновано ме клеветат мене и порталот ,,Народен Глас” – се вели во реакцијата на Иваноски.

Поврзани содржини