КРИВИЧНА ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕТЕ ЗА ТРОЈЦАТА ШТО ГО ИЗБОДЕА ДЕТЕТО ВО ЧЕНТО Мајката апелираше да бидат гонети за обид за убиство

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Насилство врз дете, соопшти скопската полиција.

279

Полицијата поднесе кривична пријава до скопското обвинителство за делото Насилство врз дете, против тројцата мажи кои пред десетина дена во Ченто нападнаа 14-годишно момче и 7 пати го избодеа со нож во грбот.

„Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Насилство врз дете, по член 201-а од Кривичниот законик. Имено, на 22.6.2026 година околу 23:50 часот во паркот на улицата Финска физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди“ информираат од МВР.






Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и пронајден е ножот со кој е извршено кривичното дело и е предаден на вештачење, а по преземени мерки пријавените се лишени од слобода и со нив е извршен службен разговор, додава полицијата.

Според член 201-а од КЗЗ, тој што ќе изврши физичко, психичко или друг вид насилство спрема дете, ќе се казни со парична казна или со затвор од 6 месеци до 3 години.

Мајката на 14-годишното дете Џељана Селими вчера изјави дека смета дека напаѓачите на нејзиниот син треба да одговараат за убиство во обид, а не за насилство.

 

ЕДЕН ГО УДРИЛ СО ПУШКА ВО ГЛАВА, ДРУГ ГО УДИРАЛ ПО ТЕЛОТО, ТРЕТ ГО ИЗБОЛ 7 ПАТИ ВО ГРБОТ Шокантно сведоштво на мајката на нападнатото 14-годишно дете во Ченто

Поврзани содржини