КРИПТО-ЕВРО ЌЕ ИМА ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ Европа се качува на крипто-возот

Ако сè оди добро, ќе поминат најмалку три до четири години пред да видиме конкретен напредок во создавањето на дигитална европска валута, но со оглед на тоа што станува збор за финансиски инструмент што треба да постои паралелно со постојните пари, овој период не изгледа и така долго. Друго прашање е што ќе се случи со пазарот на криптовалути додека ЕУ одлучува дали ќе скокне на крипто-возот, од кој заостанува веќе неколку години.

1,356

Европа нема повеќе да заостанува зад светот, ќе се качи на крипто-возот и за три-четири години ќе го произведе дигиталното евро, кое ќе биде одговор на побарувачката за илегалните крипто-валути, потврдува Кристина Лагард од Европската Централна Банка(ЕЦБ). Според неа, крипто-еврото нема да ги загрози постоечките пари, ниту тие ќе бидат забранети, а полека ќе треба да ги замени, пишува Мондо.

Истражувањето, кое започнува во октомври, се проценува на околу две години, за што е потребно време да се соберат сите потребни информации за дизајнот и дистрибуцијата на дигиталното евро за трговците и граѓаните. Една од најважните ставки за истражување е влијанието на пазарот и законските измени што мора да се променат за да се воведе нова дигитална валута.






Лагранд изјави дека ако клиентите сакаат да користат дигитални валути наместо хартиени пари и картички, треба да им се дозволи да го сторат тоа. Покрај тоа, неопходно е да се создаде решение што потекнува од ЕУ, кое е безбедно и кое е достапно под едноставни услови, и кое може да се користи како платежно средство што не го поткопува целиот банкарски систем.

И сето тоа додека на другата страна од светот, во Малезија, полицијата со валјак прегазува 1.069 машини за копање биткоини. Погледнете:

Ако сè оди добро, ќе поминат најмалку три до четири години пред да видиме конкретен напредок во создавањето на дигитална европска валута, но со оглед на тоа што станува збор за финансиски инструмент што треба да постои паралелно со постојните пари, овој период не изгледа и така долго. Друго прашање е што ќе се случи со пазарот на криптовалути додека ЕУ одлучува дали ќе скокне на крипто-возот, од кој заостанува веќе неколку години.

Поврзани содржини