Кремљ е збунет од германската теорија дека лидерот на руската опозиција Алексеј Навални е отруен, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Тој рече дека Кремљ ги отфрла обвинувањата за вмешаност на руските власти во труењето, како и дека лекарите во Русија се подготвени да разменуваат податоци за состојбата на Навални со нивните германски колеги.
Според него, руските и германските специјалисти имаат идентични медицински податоци за случајот, но дека нивните заклучоци се различни, објави Тасс.
– Ние не разбираме зошто нашите колеги во Германија брзаат да го користат зборот труење – рече портпаролот на Кремљ, додавајќи дека таквата теорија била меѓу првите што ја разгледувале руските лекари, но дека „супстанцата се уште не е идентификувана“.
Песков, исто така, рече дека руските лекари се подготвени да разменуваат информации со нивните германски колеги за резултатите од тестирањата и биолошкиот материјал во врска со здравствената состојба на Навални.
Тој истакна дека не се точни обвинувањата за вмешаност на руските власти во труењето на Алексеј Навални и дека Кремљ нема намера тоа да ги сфаќа сериозно.