КРАЛОТ ЧАРЛС ТРЕТИ СЕ ИСПЛАШИ ОД ПРОТЕСТИТЕ Одложена неговата посета на Франција

Кралот Чарлс во недела требаше да ја оствари својата прва државна посета на Франција како монарх, која беше предвидено да трае три дена.

241

Посетата на англискиот крал Чарлс Трети на Франција е одложена откако синдикатите во таа земја повикаа на штрајкови и улични протести за време на неговиот престој, соопшти денеска француското претседателство.

Кралот Чарлс во недела требаше да ја оствари својата прва државна посета на Франција како монарх, пренесува Ројтерс. Посетата требаше да трае три дена.






„Со оглед на вчерашната најава за национални протести против реформите на пензискиот систем, кои треба да се организираат во вторник, посетата на кралот Чарлс закажана за 26 до 29 март ќе биде одложена“, соопшти Елисејската палата.

Повеќе од милион луѓе во Франција протестираат жестоко, има судири со полицијата, која употребува солзавец, а запалени предмети и инциденти има и во Париз. Досега се приведени повеќе од 450 лица.

Поврзани содржини