КРАДЕЛЕ БАКАРЕН КАБЕЛ ОД ТРАНСПОРТНА ЛЕНТА НА РУДНИК? Уапсени тројца дрски крадци

Тие биле забележани како со подесен алат сечат и демонтираат доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија на електромоторите кои ја движат транспортната трака од рудник до фабрика.

732

Во близина на село Рожден, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го уапсиле С.Ш.(59) од село Кукуречани, битолско, Ј.Н.(53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод и Б.С.(62) од село Лисичани, општина Пласница.

„Околу 12.30 часот кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудник кај с. Мрежичко, кавадаречко, тие биле забележани како со подесен алат сечат и демонтираат доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија на електромоторите кои ја движат транспортната трака од рудник до фабрика. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“ – се вели во соопштението на МВР.

Поврзани содржини
na