КРАДЦИ САКАЛЕ ДА ПРОФИТИРААТ ОД ПОЖАРОТ Приведени две лица кои ровареле во запалената зграда во Чаир

Осомничените се обиделе да искористат настанатата ситуација и да однесат предмети од оштетената зграда. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

1,035

Полицијата денеска уапси две лица кои се осомничени за обид за кражба во истата зграда во која вчера имаше пожар во скопската населба Чаир.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, осомничените се обиделе да искористат настанатата ситуација и да однесат предмети од оштетената зграда. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.






Пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир беше целосно изгаснат денеска. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува.

Дел од медиумите објавија дека се опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи.

Во меѓувреме, се очекува да започне увидот на Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини