КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО УНГАРИЈА Орбан најави заминување од партијата што ја водеше 16 години

По изборниот пораз од ТИСА, долгогодишниот лидер на ФИДЕС предлага повлекување, а конечната одлука ќе се носи во јуни.

487

Унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан најави дека ќе се повлече од раководството на својата долгогодишна партија ФИДЕС, по изборниот пораз кој го означи крајот на неговото 16-годишно владеење.

Одлуката за неговото заминување сè уште не е конечна и ќе биде донесена на партиска конференција закажана за 13 јуни. Информацијата ја потврди пратеникот Ерик Банки, повикувајќи се на партиските структури.






Политичкиот пресврт доаѓа по парламентарните избори одржани на 12 април, на кои десноцентристичката партија ТИСА, предводена од Петер Маѓар, успеа да го победи ФИДЕС и да стави крај на долгогодишната доминација на Орбан на унгарската политичка сцена.

Овој развој отвора ново поглавје за ФИДЕС, кој ќе треба да избере ново раководство и да ја редефинира својата политичка стратегија во услови на смена на власта.

Поврзани содржини