КОСОВСКИОТ БАЛЕТ СО „ЕГЗОДУС“ ВЕЧЕРВА НА ТАНЦ ФЕСТ Претстава за разбиените семејства
Во претставата настапуваат Фатмир Смани, Вјолца Лугиќи, Фисник Смани, Сеа Вуниќи, Теута Красниќи, Мухамет Бикалиќи, Јета Мусоли, Мимоа Шала, Мергиме Морина и Аулоне Нихиу.
Вечрва во 20 часот, на сцената на Дом на Арм, во рамки на фестивалот Танц фест Скопје 2022 ќе биде изведена претставата „Егзодус“ на кореографот Ено Печи со косовскиот балет. Печи прави осврт кон моментот во кој живееме, кога народите и луѓето се раздвоени. Цели семејства се разделени, родителите ги испраќаат своите деца во странство за да им овозможат подобра иднина. Кореографијата на Печи раскажува за разбиени семејства, изгубени детства, напуштени мајки кои бараат смисла во егзилот на своите деца.
Во претставата настапуваат Фатмир Смани, Вјолца Лугиќи, Фисник Смани, Сеа Вуниќи, Теута Красниќи, Мухамет Бикалиќи, Јета Мусоли, Мимоа Шала, Мергиме Морина и Аулоне Нихиу.
Танц фест Скопје 2022 е поддржан од Министерство за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, Францускиот институт од Париз и Скопје, Дом на Арм Скопје, Perform Europe, East is Best, Културанова. Покровители на Танц фест Скопје 2022 се „Виталиа“ и „Бовин“.