Коронавирусот ги спои повторно по 70 години

387

Две жителки на австриската покраина Тирол се запознале пред повеќе од 70 години, во клиника во градот Инсбрук. Тие сега повторно се сретнаа – овојпат поради зараза со коронавирус.

Кон крајот на 1950-тите во Австрија, слично како денес, владеела епидемија на смртоносен вирус, од којшто заболеле околу 4.000 луѓе, претежно деца. Меѓу нив и две девојчиња – Брунхилде Хел и две години повозрасната Илзе Фишлер.






Тие две тогаш делеле иста соба во болница повеќе недели.

Двете жени, по 70 години, повторно во исто време, се заразиле со вирус, овојпат со коронавирусот, и по игра на судбината, повторно двете се нашле во иста соба, како некогаш, кревет до кревет.

– Неверојатна е случајност Брунхилде да ме препознае после 70 години и сега повторно да се сретнеме како корона пациентки – рекла Илзе Фишлер.

 

Поврзани содржини