КОПАНКИ И БИТОЛА ЌЕ БЛЕСНАТ Граѓанската иницијатива „Поинаку“ има чудо проекти за подобра живеачка

Сите проекти се реални и лесно остварливи, а се произлезени од барањата и интересите на граѓаните кои во изминатите 4 години стигнале до нас и за секој од проектите е изработен план за реализација, велат од граѓанската иницијатива.

261

Независната граѓанска иницијатива „Поинаку“ најавува решавање на долгогодишни проблеми, развој и напредок во сите сфери на општественото живеење, преку проекти содржани во нивната програма.

– Сите проекти се реални и лесно остварливи, а се произлезени од барањата и интересите на граѓаните кои во изминатите 4 години стигнале до нас и за секој од проектите е изработен план за реализација.Изградба на нов градски парк, реконструкција на Копанки, стационар за бездомни животни, буџет на увид на граѓаните, туризам преку цела година, чиста Битола, саем на локални бизниси, сали и спортски терени, културни настани за сите вкусови и генерации  се само дел од она што е содржано во нашиот „весник“, кој секојдневно можете да го добиете на повеќе локации низ Битола. Граѓаните весникот можат да го добијат од еден од нашите кандидати, кои како и досега секојдневно се на располагање да ги слушнат потребите на граѓаните, но и да ги образложат проектите кои ги ветуваме – велат од граѓанската иницијатива „Поинаку“.

Поврзани содржини