КОНТЕЈНЕРИТЕ ВО ПЛАМЕН Трет пат годинава се палат садови за отпад на Бит пазар (ФОТО)
Од ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане уништувањето на контејнерите, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.
Непознати сторители завечерва опожарија три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар, информираа од ЈП Комунална хигиена.
– Опожарените контејнери беа со зафатнина од 3,2 м3 и се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје опожарените садови веднаш ги замени со нови. Ова е трет случај годинава од страна на непознати сторители да бидат опожарени садови за одлагање отпад на истата локација – велат од претпријатието.
Од ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане уништувањето на контејнерите, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.
– Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи.ЈП Комунална хигиена-Скопје упатува апел до МВР во најкус можен рок да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите – стои во соопштението од ЈП Комунална хигиена-Скопје.