Конте: Неопходно е да се „ажурира“ дебатата за видот на ЕУ
Тој додаде дека има проблеми што бараат придонес на сите членки и дека оваа криза потврдува дека тие веќе не можат да се одложуваат во името на „минималистичкиот“ пристап кон Европа.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска оцени дека поради кризата предизвикана од епидемијата ковид-19 неопходно е да се „ажурира“ дебатата за видот на Европската Унија, што ќе овозможи зачувување на столбовите како што се единствениот пазар и Шенгенот, но и основните принципи како што е солидарноста.
– Треба да ги заштитиме принципите и столбовите на Европската Унија каква ја знаеме со децении и да сфатиме дека без натамошна интеграција, ЕУ ризикува да не биде конкурентен и еластичен глобален играч – рече Конте за италијански Еурактив.
Тој додаде дека има проблеми што бараат придонес на сите членки и дека оваа криза потврдува дека тие веќе не можат да се одложуваат во името на „минималистичкиот“ пристап кон Европа.
Конте се осврна и на иднината на Европа и го поддржа завршувањето на економската и монетарната унија инспирирана, како што рече, „со целосен баланс помеѓу одговорноста и солидарноста“.