Конечно заврши сагата, Алиоски потпишува за Галатасарај, навивачите на Лидс бесни

Сериозен интерес за македонскиот репрезентативец покажуваа и челниците на Трабзон и на Фенербахче, но Галатасарај успеа да ги финишира преговорите што траеја повеќе од четири месеци.

606

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски конечно ги разреши сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи договор со турскиот гигант Галатасарај.

Информацијата прв ја објави турскиот весник „Фанатик“, а потоа ја пренесоа бројни медиуми во оваа земја.






Според „Фанатик“, Галата успеал да ги финишира преговорите со македонскиот интернационалец и денеска бил потпишан и официјалниот договор меѓу двете страни, по што Алиоски во наредните денови треба и официјално да се пресели во Истанбул.

Сериозен интерес за македонскиот репрезентативец покажуваа и челниците на Трабзон и на Фенербахче, но Галатасарај успеа да ги финишира преговорите што траеја повеќе од четири месеци.

Овој клуб беше пред потпис со Алиоски уште во текот на премиерлигашката сезона, тогаш трансферот се одолговлечи, за сега конечно да бидат договорени сите детали за тригодишната соработка.

Ваквите информации донесоа огромен бес кај навивачите на неговиот досегашен клуб Лидс, со оглед на големата омраза која владее помеѓу англискиот и турскиот тим, а која е од 2000 година кога двајца фанови на составот од „Иланд Роуд“ беа убиени во Истанбул.

Поврзани содржини