КОНЕЧНО, СОНК И МОН СЕ ДОГОВОРИЈА Потпишаа спогодба за повисоки плати во образованието

Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Неделков и министерот Шаќири, стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму. Во документот е утврдено дека основната плата на работникот не може да биде пониска од објавената висина на минималната плата во бруто износ во Република Северна Македонија во тековната година.

334

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) потпишаа Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование за 15 отсто од септемвриската плата.

Спогодбата на Фејсбук попладнево ја објави претседателот на Синдикато Јаким Неделков, а денеска на прес-конференција министерот Јетон Шаќири соопшти дека наставниците ќе добијат, како што рече, „историско покачување“ со септемвриската плата.






Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Неделков и министерот Шаќири,  стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.

Во документот е утврдено дека основната плата на работникот не може да биде пониска од објавената висина на минималната плата во бруто износ во Република Северна Македонија во тековната година.

Поврзани содржини