📷 КОНДОМИ СО ЛИКОТ НА ТРАМП, ИГРАЧКИ ЗА ВОЗРАСНИ И ПОЗНАТИ ЛИЦА Објавени шокантни фотографии од Епштајн со најмоќните луѓе

Комитетот за надзор објави повеќе од 95.000 фотографии од имотот на Џефри Епштајн, меѓу кои се појавуваат Трамп, Клинтон, Гејтс и други влијателни личности, отворајќи нови прашања за нивните односи со милијардерот.

219

Нови фотографии од имотот на Џефри Епштајн, кои ги објавија демократите во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, повторно го отворија прашањето за врските меѓу покојниот милијардер и дел од најмоќните луѓе во светот. На сликите се појавуваат американскиот претседател Доналд Трамп, поранешниот претседател Бил Клинтон, Стив Бенон, Бил Гејтс, Ричард Бренсон, принцот Ендру и други личности кои со години се поврзуваа со Епштајн.

Фотографиите, обезбедени како дел од тековната истрага, би можеле да фрлат нова светлина врз обемот на нивните контакти, објавува „Дејли Меил“. На една од сликите се гледа чинија со кондоми со карикатура на Доналд Трамп и натпис „Trump condom $4.50“, додека секој кондом носи илустрација од Трамп со текст „I’m HUUUUGE!“.

 






Други фотографии прикажуваат Трамп со група жени со хавајски венци (чии лица се редигирани), Стив Бенон со Епштајн, Бил Клинтон со Епштајн, Гислен Максвел, Бил Гејтс и поранешниот принц Ендру. На снимките се појавуваат и поранешниот претседател на Харвард, Лари Самерс, и адвокатот Алан Дершовиц. Иако содржината е чувствителна, ниту една фотографија не прикажува малолетници или сексуално вознемирување.

Материјалите се дел од обемната документација што Одборот ја доби од имотот на Епштајн и која веќе вклучува десетици илјади документи, е-пораки и комуникации што отвораат нови линии на истрага. Адвокатите на имотот во четврток со писмо известиле дека комисијата ќе може да прегледа и видео-материјали снимени на имоти поврзани со Епштајн во период од речиси три децении.

 

Пратеникот Роберт Гарсија, висок демократ во Комитетот за надзор, изјави дека најновото објавување содржи „над 95.000 фотографии“ и нагласи дека е време „да се стави крај на прикривањето и да се донесе правда за преживеаните“.

„Овие вознемирувачки фотографии покренуваат уште повеќе прашања за Епштајн и неговите односи со некои од најмоќните луѓе во светот. Министерството за правда мора да ги објави сите досиеја – СЕГА“, додаде Гарсија.

Врските меѓу Трамп и Епштајн се добро документирани – двајцата биле дел од истите социјални кругови во Менхетен и Палм Бич, иако Трамп не е обвинет за никакво кривично дело и тврди дека подоцна го исфрлил Епштајн од својот клуб.

Во објавените е-пораки, Епштајн дури тврди дека Трамп „поминал часови“ со Вирџинија Џуфре, една од неговите најистакнати жртви. Според преглед на CNN на илјадници страници комуникација, Епштајн често го споменувал Трамп – во анализи, озборувања или како дел од неговите обиди да се прикаже себеси како човек со пристап до тогашниот иден претседател.

Поврзани содржини