КОНЦЕРТОТ НА „ДИП ПАРПЛ“ СЕ СЕЛИ ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ Дождот ги премисли организаторите, бендот согласен

Организаторите додаваат дека во продажба според капацитетот на арената „Борис Трајковски“ има уште 1.500 влезници што ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи.

335

Поради најавеното дождливо време на 27-ми и 28-ми мај, а во консултација со менаџментот на „Дип парпл“ (Deep Purple), концертот на групата ќе се префрли во арената „Борис Трајковски“, истиот ден 28 мај.

Според организаторите, со тоа, сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење.






Организаторите додаваат дека во продажба според капацитетот на арената „Борис Трајковски“ има уште 1.500 влезници што ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи.

Истите се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, плоштад „Македонија“ и онлајн на avalon.mk, додаваат организаторите.

Поврзани содржини