Концептот на Царовска за потсмев на Твитер: Шо бил Крали Марко? – пиво! А, Тодор Александров – катна гаража!
Стручните лица, историчарите се затекнати и реагираат затоа што не биле консултирани. Оценуваат дека таква сериозна реформа не може да биде скроена во нечиј кабинет, испорачана како политичка одлука, донесена со игноранција на експертските мислења. Шегаџиите пак на Твитер, ја разбиваат оваа сериозна тема со своите досетки.
Остри реакции од стручната јавност, иронија и шеги на социјалните мрежи на сметка на новиот концепт за основците што денеска го објави министерката за образование Мила Царовска, а според кој историјата повеќе нема да се изучува како посебен предмет, туку како дел од општествените науки, а биологијата и хемијата би биле споени во предмет – природни науки..
Стручните лица, историчарите се затекнати и реагираат затоа што не биле консултирани. Оценуваат дека таква сериозна реформа не може да биде скроена во нечиј кабинет, испорачана како политичка одлука, донесена со игноранција на експертските мислења.
Шегаџиите пак на Твитер, ја разбиваат оваа сериозна тема со своите досетки:
Шо имаше историја? -Петка! -Што е Стоби? -Смоки!
„Ако се согласиме со Бугарија дека историјата ни почнува од 1945, учебникот ќе може да се испечати на флаер и да се дели по супермаркетите“.
„Од сите потребни реформи во образованието и фаличната имплементација на кембриџ, нашиве ќе почнеле со историјата. Која случајност“,, реагираат твитерџиите.
Ако се согласиме со Бугарија дека историјата ни почнува од 1945, учебникот ќе може да се испечати на флаер и да се дели по супермаркетите.
— И повторно пак (@Strastniot) December 16, 2020
Шо имаше историја?
Од сите потребни реформи во образованието и фаличната имплементација на кембриџ, нашиве ќе почнеле со историјата. Која случајност. pic.twitter.com/nf1S4mXJSM
— 100Le (@baljumbaljum) December 16, 2020
-Петка!
Шо бил Крали Марко?
-Пиво!— Ацо Саатчијата ⏳ (@acosaatcijata) December 16, 2020
А Тодор Александров – катна гаража.
— Крсте П. Јованоски (@krste66) December 16, 2020