КОМПАНИИТЕ ГИ ЗАПИРААТ ИСПОРАКИТЕ ВО САД Чекаат да се договорат пониски царински стапки

Трамп минатата недела воведе основна царина од 10% за целиот увоз, а некои земји се соочуваат со царини до 50%. Многу производители се надеваат на договори за пониски стапки и одлучија да го прекинат извозот додека не видат во која насока се движат трговските разговори.

623

Некои светски компании одлучија привремено да ја прекинат испораката на производи во САД поради најновите царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп минатата недела воведе основна царина од 10% за целиот увоз, а некои земји се соочуваат со царини до 50%. Многу производители се надеваат на договори за пониски стапки и одлучија да го прекинат извозот додека не видат во која насока се движат трговските разговори.






„Јагуар Ленд Ровер“ соопшти дека ја прекинува испораката на возила во САД, бидејќи се обидува да го прилагоди работењето на новите царински услови. Воведена е царина од 25% за сите странски автомобили.

Станува збор за една од најголемите британски автомобилски компании, која само во третиот квартал на 2024 година извезла околу 38 илјади возила во САД – речиси исто колку и на пазарите на Велика Британија и ЕУ заедно.

„САД се клучен пазар за луксузните брендови на ЈЛР. Додека ги разработуваме плановите со деловните партнери, привремено ги запираме испораките во април“, соопшти компанијата.

Компанијата „Нинтендо“ ги запре испораките на „Свич 2“ за американскиот пазар, иако конзолата е веќе достапна за нарачка однапред. Конзолата е произведена во Јапонија, која сега се соочува со царина од 24%.

Во соопштението за печатот, од „Нинтендо“ изјавија дека испораките се одложуваат, бидејќи компанијата „го проценува можното влијание на царинските давачки и промените во условите на пазарот“. „Свич 2“ треба официјално да биде лансиран во јуни.

Поврзани содржини