Компјутери за учениците од ранливите категории
На овој начин, сите ученици ќе имаат можност да се вклучат во алтернативниот вид настава преку платформата „Гугл класрум“.
Училиштата во Општина Аеродром обезбедија компјутери за учениците од социјално ранливите категории, со цел непречено одвивање на онлајн-наставата. На овој начин, сите ученици ќе имаат можност да се вклучат во алтернативниот вид настава преку платформата „Гугл класрум“.
Според Министерството за образование и наука, онлајн-наставата стана задолжителна, а преку е-платформата се овозможува двонасочна комуникација меѓу наставникот и ученикот, како и непречена размена на податоци.
Во Општина Аеродром успешно се одвива овој вид настава во сите училишта и детски градинки, а се спроведе како резултат на затворањето на училиштата и мерките на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19.