Комисијата за заразни болести предлага отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и со Албанија без ПЦР тестови
Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање, информира Министерството за здравство.
– Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање – велат од Министерството.
Предлог одлуката ќе биде доставена до владата.