КОЛУМБИЈА ПЛАНИРА ДА ГИ УСПИЕ НИЛСКИТЕ КОЊИ НА ЕСКОБАР По убиството на нарко босот избегале од имотот и брзо се размножиле

Научниците предупредуваат дека животните ги нарушуваат околните екосистеми, загрозувајќи ги автохтоните видови, како што се морските крави и речните желки, и оштетувајќи го обработливото земјиште, а истовремено претставуваат опасност и за луѓето.

164

Колумбиските власти планираат остро намалување на популацијата на нилски коњи кои биле во сопственост на некогашниот нарко-бос Пабло Ескобар, соопшти Владата, по години дебата за тоа како да се контролира крдото во пораст.

Министерката за животна средина, Ирене Велез Торес, објави дека властите имаат намера првично да убијат околу 80 животни, велејќи дека напорите за преместување на нилските коњи во зоолошки градини и паркови за диви животни во земји, вклучувајќи ги Мексико, Индија и Филипините – досега не успеале. Министерството сè уште работи на планови за преместување, но се предупредува дека е потребна итна акција за да се ограничи бројот на овие животни.






Се проценува дека во мигов во Колумбија живеат околу 200 нилски коњи. Без интервенција, нивниот број би можел да се зголеми на околу 1.000 до 2035 година, соопшти министерството.

Научниците предупредуваат дека животните ги нарушуваат околните екосистеми, загрозувајќи ги автохтоните видови, како што се морските крави и речните желки, и оштетувајќи го обработливото земјиште, а истовремено претставуваат опасност и за луѓето.

Нилските коњи потекнуваат од четири животни од Африка, увезени од Ескобар за неговата приватна зоолошка градина во имотот „Хасиенда Наполес“. Откако Ескобар беше убиен од безбедносните сили во 1993 година, имотот пропаднал, а животните избегале во блиските реки, каде што брзо се размножувале и се прошириле низ регионот.

Поврзани содржини