Колку пари ќе имаше најбогатиот човек на светот ако не се разведеше?

1,596

Основачот на Амазон, Џеф Безос, е најбогатиот човек во светот, кој според сегашните податоци има богатство во вредност од 184 милијарди долари.

На почетокот на неделава неговото богатство вредеше дури 189 милијарди, откако Безос постави нов рекорд, кога заработи 13 милијарди долари за еден ден во понеделникот, поради растот на акциите на Амазон.






На второ место е Бил Гејтс со 119 милијарди долари.

Интересен е фактот дека Безос се разведе минатата година, кога мораше да пренесе голем број на акции на неговата сопруга Мекензиј Безос.

Безос поседувал 16 отсто од акциите на Амазон пред разводот, нa Мекензи ѝ препишал 4 отсто, а тој останал со 12 отсто, пишуваат медиумите во САД.

Во тоа време, вредноста на акциите што ѝ ги даде на својата поранешна сопруга беше околу 38 милијарди американски долари, додека остатокот на Безос во тоа време беше вреден 115 милијарди долари.

Во меѓувреме, се забележува зголемување на вредноста на акциите и растот на богатството на Безос, но и на богатството на Мекензи.

Неговиот удел сега вреди 61 милијарди долари.

Ако не се разведеше, Безос сега ќе имаше неверојатни 245 милијарди долари, а според вредностите на акциите од понеделникoт, тоа би изнесувало над 250 милијарди.

 

Поврзани содржини