„КОЛКУ ГОДИНИ ЗАТВОР МУ ПРОСТИ АХМЕТИ НА ГРУЕВСКИ?“ Европскиот сојуз за промени вели дека измените во Кривичниот законик се подарок од ДУИ

504

Европскиот сојуз за промени го прашува Али Ахмети колку години затвор му простува на поранешниот премиер Никола Груевски со измените на Кривичниот законик.

„За жал, продолжуваме да бидеме сведоци на играта на власта предводена од СДСМ и ДУИ за ‘спасување на Груевски’. Пред неколку дена екс премиерот Никола Груевски беше ослободен од обвинение во предметот ‘Трајекторија’ за изградба на автопатот Кичево-Охрид каде што буџетот на државата беше оштетен за вкупно 155 милиони евра, а сега согласно последниве измени во Кривичниот законик Јавното обвинителство побара Никола Груевски да се ослободи и од обвинението во предметот ‘ТНТ’ каде што поради политичка одмазда буџетот на државата беше оштетен со 11 милиони евра“, се наведува во реакцијата на Европскиот сојуз за промена.






Според партијата, резултатот е на повидок, зашто се обидуваат да се оправдаат со европската интеграција, а граѓаните, како пто велат, не добиваат ништо освен амнестија на криминалците.

„Граѓаните треба да знаат дека овој подарок го имаат од ДУИ и од Али Ахмети. За нас не е изненадување што љубовта на Ахмети кон Груевски е голема. Оваа го разбравме многу одамна и сме го докажале додека тој самиот изјави дека Груевски не е лош, но лош го презентираше медиумската пропаганда, но сакаме оваа љубов на Ахмети да ја објасниме со поточни параметри. Значи, сакаме да знаеме, колку години затвор Ахмети му ги спасил на Груевски со промената на Кривичниот законик? Колку пари на граѓаните се злоупотребени со овие кривични дела од кои Груевски е ослободен од обвинение, и кои никогаш нема да им ги врати на граѓаните? Дали вреди оваа симпатија кон Груевски и уште колку време ќе бидеме сведоци на овој флерт?“, се додава во реакцијата на Европскиот сојуз за промена.

 

 

Поврзани содржини