🎥 КОГА ОДЛУЧИЛА ДА ПРАВИ ДВОЈНА МАСТЕКТОМИЈА, МАЖ Ѝ ЗБЕСНАЛ Шерон Стоун откри кога сфатила дека нејзиниот брак е завршен

Кога лекарите ѝ предложиле двојна мастектомија поради големи тумори на дојките, а таа одлучила да ја направи операцијата, сопругот ја нарекол нејзината одлука „бесмислена“ и станал да ја напушти собата

72

Шерон Стоун откри дека моментот кога сфатила дека нејзиниот брак е завршен се случил во лекарска ординација, додека се соочувала со можноста дека има рак.

Во подкастот „The Person Who Believed in Me“, актерката раскажа дека во раните 2000-ти години лекарите откриле големи тумори на нејзините дојки.






Иако не биле убедени дека туморите се малигни, лекарите ја предупредиле дека ситуацијата е сериозна и дека треба да размисли за билатерална, односно двојна мастектомија.

– Решив дека нема да ризикувам и дека ќе направам сѐ што е потребно за да останам жива – раскажала актерката.

Но наместо поддршка, од сопругот добила сосема поинаква реакција.

– Мојот сопруг рече: „Ова е апсурдно“ и излезе од собата – открива Стоун.

Кога водителот ја праша што точно му било апсурдно, таа вели дека бил бесен поради можноста да ги отстрани двете дојки.

– Значи, не беше загрижен дека можете да умрете? – праша водителот, а таа одговори: Не беше, беше лут поради мастектомијата.

Тогаш лекарот му рекол дека ако имале повеќе пациентки како неа, ќе имале повеќе живи жени.

– Јас ги носам одлуките за моето тело, не некој друг – рекла тогаш актерката.

Стоун вели дека токму во тој момент сфатила дека нивниот брак е завршен.

На крајот се покажало дека туморите биле бенигни и дека нема рак, па не морала да направи двојна мастектомија. Но ова искуство ѝ покажало дека тој не е покрај неа кога животот станува најтежок.

Поврзани содржини