📽️ КОГА ЛУКАШЕНКО ПАЃА НА ХОКЕЈ, НЕМА СОЛЗИ Белорускиот претседател спортски го прими инцидентот

Типична работна ситуација. Мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар, вели белорускиот претседател по натпреварот.

105

Александар Лукашенко, 71-годишниот претседател на Белорусија, доживеал неочекуван инцидент за време на натпревар во хокеј. Снимката, на која се гледа моментот кога паѓа на мразот, експлозивно се прошири низ социјалните мрежи, освојувајќи милиони прегледи.

Лукашенко, кој играл со дрес со број 01, бил удрен во грбот од соиграчот Јарослав Чуприс, поранешен белоруски репрезентативец со дрес број 68.

На снимката, Лукашенко паѓа на главата на мразот.

Натпреварот е кратко прекинат, а Чуприс му помага на претседателот да стане. Неколку други играчи, загрижени, се собираат околу Лукашенко.

– Типична работна ситуација. Мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар – рекол Лукашенко по натпреварот.

Од неговата канцеларија соопштиле дека мечот завршил 5-5, а токму неговиот син Николај го израмнил резултатот со гол во последните триесет секунди.

Поврзани содржини