📽️ „КОГА ЕДЕН ЖИВОТ ЗАВРШУВА, ДРУГ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ“ Д-р Агаи со силна порака за органодарителството

Директорот на Клиниката за неврохирургија, д-р Љуљзим Агаи, порача дека органодарителството претставува највисок чин на човечност и може да им даде нова шанса за живот на пациентите кои чекаат трансплантација.

47

Трансплантацијата на органи претставува еден од најхуманите чинови што човек може да ги направи, а секој донор може да биде надеж за повеќе пациенти кои чекаат нова шанса за живот. Токму ова е пораката што ја испрати директорот на Клиниката за неврохирургија, д-р Љуљзим Агаи, во рамки на националната кампања за подигање на свеста за органодарителството.

Кампањата се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, а преку видео-обраќање д-р Агаи ја истакна важноста од поддршката на овој хуман процес.






– Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на пациентите. Многу пати успеваме во тоа, но понекогаш болеста е посилна од нас и од можностите што ги имаме. Токму тогаш, кога еден живот завршува, може да започне нов живот за некого друг, доколку дадеме шанса на трансплантацијата на органи – порача д-р Агаи.

Тој нагласи дека органодарителството е чин на солидарност и човечност кој може да спаси повеќе животи истовремено.

– Овој хуман чин може да донесе нова надеж и нова можност за живот. Потребно е да бидеме информирани и да имаме големо срце за да му помогнеме на некого кому трансплантацијата му е единствена шанса – истакна директорот на Клиниката за неврохирургија.

Поврзани содржини