КОГА ДОЗНАЛ ЗА УЖАСНАТА НЕСРЕЌА И САМИОТ ПОЧИНАЛ Навивач на ПАОК умре од срцев удар

Во сообраќајната несреќа која се случи вчера на романски автопат, загинаа седум грчки навивачи на ПАОК кои патуваа со комбе во Франција за да го гледаат својот омилен тим.

466

Навивач на грчкиот клуб ПАОК доживеал срцев удар и починал откако дознал за смртоносната сообраќајна несреќа во Романија, во која загинаа негови колеги-навивачи, меѓу кои и еден негов близок пријател.

Во сообраќајната несреќа која се случи вчера на романски автопат, загинаа седум грчки навивачи на ПАОК кои патуваа со комбе во Франција за да го гледаат својот омилен тим. Сите се млади Грци кои патувале од Катерини до Франција за да го гледаат натпреварот од Лигата на Европа помеѓу ПАОК и Лион што ќе се игра в четврток вечер.






Сега починатиот 54-годишен жител на Лариса имал сериозни срцеви проблеми и бил многу вознемирен откако дознал за сообраќајната несреќа во Романија.

Еден од загинатите бил негов пријател и кога му била потврдена неговата смрт, тој доживеал срцев удар и починал. Тие што биле со него се обиделе да му укажат прва помош, но залудно.

Починатиот веќе имал закажано операција на срце во наредните денови.

Според податоците од сообраќајната полиција на Романија, минибусот што доаѓал од Грција и се движел кон Франција, со десет патници, се обидел да престигне на националниот автопат во близина на месноста Лугојелул, на влезот во обиколницата Лугој. Во обид да се врати во својата лента, се судрил со цистерна и бил исфрлен во спротивната насока, каде што се судрил со камион.

🎥(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) КОМБЕТО ПРЕТЕКНУВАШЕ, ПА УДРИ ДИРЕКТНО ВО КАМИОН Загинаа 7 навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК

 

Поврзани содржини