КОЈ СПОДЕЛИ НАШ СТАТУС ЛЕТА ОД РАБОТНОТО МЕСТО! Алтернатива се жали на силен притисок од Алијанса за Албанцитe
Имаме десетици активисти на Алтернaтивa кои преку оваа форма на принуда официјално преминаа во редовите на Алијанса на Албанците, но продолжуваат да комуницираат со нас – рече потпретседателот Адмирим Алити.
Во последно време власта врши страшен и срамен притисок врз активистите на Алтернaтивa, за што, освен јавноста, ќе ги информираме и сите домашни и меѓународни институции во нашата земја, изјави на прес конференција Имаме десетици активисти на Алтернaтивa кои преку оваа форма на принуда официјално преминаа во редовите на Алијанса на Албанците, но продолжуваат да комуницираат со нас – рече потпретседателот на Алетрнатива Адмирим Алити.
– Минатата недела на нашиот советник во Општина Тетово, кој е вработен во подрачната единица на Министерството за правда во Тетово, му се јавиле од кабинетот на министерот за Правда и му кажале дека неговото работно место ќе го распоредат во друг град, а ова доаѓа откако тој направи неколку споделувања на реакциите на Алтернaтивa кои се однесуваа на министерот за здравство, исто така претставник на Алијансата за Албанците во влада.
Пред неколку дена бевме во Струга, каде што имаше свечено отворање на новите простории на огранокот на Алтернaтивa во тој град, а следниот ден од Управата за водење на матични книги – Охрид следеше закана дека ќе им се раскине договорот на работниците кои беа на таа свеченост. Ваквите примери се безбројни. Имаме десетици активисти на Алтернaтивa кои преку оваа форма на принуда официјално преминаа во редовите на Алијанса на Албанците, но продолжуваат да комуницираат со нас, додека уште поголем е бројот на оние на кои веќе им ги раскинале договорите, дури и во случаи кога тој договор им важел до крај на годината – рече Алити.
Тој додаде дека психолошкиот притисок кон активистите на оваа партија станува неподнослив.
– Нема ден нашите активисти да не ни се јавуваат со поплаки дека се под силен притисок, а најголемото изненадување и разочарување е фактот што ова сè повеќе доаѓа од експоненти на Алијансата за Албанците. Таму каде што не поминува понудата со уцена, следи притисокот. Изминативе денови бевме информирани дека продолжува заканата и во форма на „информација“ дека ќе има намалување на образовниот кадар во училиштата, поради намалувањето на бројот на паралелките и дека тоа ќе ги погоди токму тие наставници кои можат да имаат симпатии за Алтернатива или да бидат нејзини активисти – рече Алити.
Тој додаде дека за време на комунизмот овие притисоци ги вршеше власта која не зборуваше на албански јазик, но притисокот што се врши на албански јазик е уште пожесток и посрамен.
– Како и да е, ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата, да водиме евиденција и да ги известуваме сите надлежни институции за човековите права, тие кои се грижат за заштитата на работничките права, Народниот правобранител, но и сите меѓународни институции, за да не дозволиме земја која е на патот кон ЕУ, да заврши во диктатура – рече потпретседателот на партијата Алити.