КОЈ ГИ ПАЛИ КОНТЕЈНЕРИТЕ ВО ТЕТОВО? Билал Касами бара полицијата да ги казни сторителите (ВИДЕО)
Јавниот простор е на сите и сите треба да се грижиме за својот дом. Овие сцени не му служат на нашиот град, ова не е наше граѓанство. Бараме полицијата да го истражи случајот, а одговорните да ја добијат заслужената казна, порача градоначалникот на Тетово, Билал Касами.
Жителите во центарот на Тетово вчера околу 23 часот беа доведени во опасност поради пожар во четири контејнери за отпадоци кои се поставени до една од зградите во комплексот Ловец. Станарите сведочат дека се појавила голема огнена стихија, по кое следувало гаснење на пожарот, пренесе Телма.
Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами се обрати преку социјалните мрежи и побара од полицијата за покрене истрага.
„Јавниот простор е на сите и сите треба да се грижиме за својот дом. Овие сцени не му служат на нашиот град, ова не е наше граѓанство. Бараме полицијата да го истражи случајот, а одговорните да ја добијат заслужената казна“, напиша Касами.
Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот и успеале да ги изгаснат пожарите, а вработените во ЈКП Тетово-одделение за комунална хигиена ги отстраниле остатоците од запалениот смет и контејнерите и ги замениле со нови садови за оставање на отпад.
Во продолжение, погледнете го видеото: