Откако тенискиот ас Новак Ѓоковиќ изјави дека не јаде по 16 часа дневно, и дека се храни само во преостанатите осум во денот, многумина се шокираа.
Ѓоковиќ во разговорот со проф. д-р Драган Иванов, специјалист по интерна медицина во Нови Сад, ја открил својата динамика на исхрана во текот на денот.
Станува збор за автофагија која е карактеристична по тоа дека не се јаде 16 часа дневно, а потоа во период од 8 часа се консумира храна. За некои ова е гладување, за други диета, а за трети станува збор за начин на исхрана.
Овој збор со необично значење за првпат во науката го употребил во науката белгискиот цитолог и биохемичар Кристијан де Дуве пред повеќе од пола век. Многу години поминале од ова откритие и долго време автофагијата во основа се сметала за „систем каде се депонираат клетките што изумираат“. „место каде се одвива неспрецифично разградување на клетките“.
Дури во 2016 година Јошинори Осуми, јапонски професор, научник и биолог, ја доби Нобеловата награда за медицина за исцрпната анализа и откривањето на вистинската цел на овој метаболички процес.
Осуми се смета за специјалист за автофагија и е професор на Институтот за технолошки иновативни истражувања во Токио. Тој проучувал илјадници мутации на квасец и открил 15 гени што се клучни за автофагијата.
Осуми во 2016 година Нобеловата награда од психолошка медицина за неговите откритија за автофагијата. Тој е 25. Јапонец на кого му е доделена Нобелова награда.
Автофагијата е процес со кој клетките ги разградуваат и рециклираат своите компоненти и со тоа му обезбедуваат на телото енергија и го подобруваат процесот при обнова на клетките. Клетките со автофагијата ги отстрануваат оштетените протеини и органели и така ги сузбиваат негативните ефекти од стареењето на организмот.
Феноменот автофагија е познат одамна, но по истражувањата на Осуми и идентификацијата на автофагичните гени и докази дека овој механизам делува и во човековото тело ги заинтригира луѓето ширум светот.
Како функционира автофагијата?
Сите карциноми почнуваат од оштетените клетки, а нашето тело би требало само да ги препознае и да ги отстрани користејќи го токму процесот на автофагија. Иако нема научни докази кои би го поткрепиле тоа, студиите го испитуваат овој сложен процес на препознавање и уништување на болните клетки во ткивото.
Придвижувањето на механизмот за „поправка“ придонесува за намалување на ризикот од рак. Генетичарите и биолозите веруваат дека новите истражувања и докази ќе дадат увид во тоа каде да ги насочат понатамошните експерименти и истражувања на автофагијата како терапија за болните од рак. Лекарите со голем оптимизам гледаат на предностите на автофагијата во лекување на многу болести.
ФОТО: Телеграф.рс