КОЈ Е КОМАНДИРОТ НА КОЈ МУ ИЗБЕГА ЗАТВОРЕНИК? Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека бил избркан од работа за поткуп, па вратен и унапреден

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека командирот на смена во „Идризово“ кој е одговорен за проценка на ризик при транспорт на затвореници дента кога се пренесувал убиецот кој избега, а притоа повреди полицајци  е човек близок до СДСМ и истеран од работа во полицијата поради поткуп.

977

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од министерот за внатрешни работи по аферата со избеган затвореник, бидејќи поставил на командирско место во затворот „Идризово“ лице кои било избркано од работа во МВР за поткуп.

Според партијата, командирот на смена во „Идризово“ кој е одговорен за проценка на ризик при транспорт на затвореници дента кога се пренесувал убиецот кој избега, а притоа повреди полицајци,  е човек близок до СДСМ и истеран од работа во полицијата поради поткуп.






– Според нашите информации, командирот Срѓан Поп Димитријевски во чија смена се случило бегството пред неколку години бил избркан од МВР, како последица на учество во криминални дејствија, информациите говорат дека тој бил фатен на дело во ПС Бит Пазар при кривично дело поткуп  по што бил избркан од работа. Со доаѓањето на Спасовски тој го враќа и го поставува на командирска позиција во Идризово.Зошто Спасовски го вратил и унапредил овој полициски службеник, кој бил фатен во вршење на кривично дело на работа? Дали истиот е вратен затоа што дава поддршка на СДС? Дали Спасовски го вратил на работа за во иднина тој истиот да може да ги повтори делата или да направи нови од полза на СДС? – прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата  прашуваат и зошто  Димитријевски не побарал асистенција од МВР, што е практика кога постои зголемен ризик од бегство.

– Зошто не побарал треба да одговори и самиот Спасовски кој го враќа во МВР и унапредува – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини