КОЈА ЗЕЛКА Е ПОДОБРА, ВИОЛЕТОВАТА ИЛИ БЕЛАТА? Овој зеленчук е вистинско чудо на природата
Виолетовата зелка има многу повеќе витамини и минерали од белата, го обновува црниот дроб, ги регулира шеќерот и притисокот, мелем е за желудникот…
Хипократ ги лекувал своите пациенти со зелка, па дури и во традиционалната народна медицина овој зеленчук имал значајно место.
На зелката ѝ се припишуваат многу лековити дејства и тоа не без причина.
А дали знаевте дека црвената или виолетовата зелка има многу повеќе витамини и минерали од белата?
Црвената зелка е побогата со витамин Ц.
Ароматичната црвена зелка има помала содржина на каротин во споредба со белата, но има поголема содржина на витамин Ц. Исто така, црвената зелка содржи поголема количина на витамин Е. Зелката е исто така богата и со фосфор и калциум.
Зелката најдобро се користи сирова или во форма на сок, без разлика дали ја користите како лек или за детоксикација. Имено, со долгорочно готвење, зелката губи многу од своите вредни елементи и станува прилично несварлива.
Што сè може да направи виолетовата зелка прочитајте на порталот АРТ КУЈНА.