КЛИНИКАТА ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ БИЛА ОШТЕТЕНА ЗА 3,9 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Петрушевски со остра критика кон претходното раководство

Ако знаеме дека за период од една година, потенцира Бране Петрушевски, за која е правена Ревизијата, буџетот на Клиниката е оштетен за 3.9 милиони денари, тогаш што е направено за 7 години колку што СДСМ и ДУИ раководеле со истата?

455

„Државниот завод за ревизија констатирал нерегуларности во финансиското работење и на Клиниката за очни болести во време на СДСМ и на ДУИ“.

Ова го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.






Според ревизијата на ДЗР на Клиниката за 2022 година, вели тој, по основ на неуплатена партиципација за лекување, буџетот на истата е оштетен за 3,9 милиони денари.

– На сметката на Клиниката за очни болести требало да легнат 3,9 милиони денари по основ на партиципација за лекување. По детален увид во документацијата на Клиниката од ДЗР, се констатирало дека за 2,4 милиони денари со задоцнување се доставени потврди за ослободување од партиципација, но за истите не е доставена поткрепувачка документација. Раководството на СДСМ и на ДУИ на Клиниката за очни болести работело надвор од законските процедури, оштетувајќи ја Клиниката – изјави Петрушевски.

Ако знаеме дека за период од една година, потенцира Петрушевски, за која е правена Ревизијата, буџетот на Клиниката е оштетен за 3.9 милиони денари, тогаш што е направено за 7 години колку што СДСМ и ДУИ раководеле со истата?

– Го повикуваме Јавното обвинителство да го земе Извештајот од Ревизијата на ДЗР за Клиниката за очни болести и да отвори постапки. Одговорност мора да има – додава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини